четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уапсени двајца Германци на Табановце, полицијата им пронашла дрога во возилата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лишени од слобода двајца германски државјани на Граничен премин Табановце во чиј возила е пронајдена дрога.

Како што информираат од МВР, вчера (17.09.2025) во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишиле од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Поврзани вести