Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 рече дека тие се извиниле за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Мислам дека е најлош градоначалник во историјата на градот за жал“, рече Николоски.
Тој додаде и дека нема повеќе да поддржуваат независни кандидати.
„Ја научивме лекцијата, веќе нема поддршки на независни кандидати туку кандидати кои целосно одговараат на принципите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Николоски.



