Путин: Русија постигнува успех на сите полиња

Русија постигнува успех на сите фронтови – во воената сфера, во однос на безбедноста, но и во економијата, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Во денешни услови, политичката стабилност во Русија е од особено значење и Русите го разбираат ова“, рече Путин на средбата со Ела Памфилов, претседателка на Централната изборна комисија.

Според него, руските власти го зајакнуваат политичкиот систем во земјата, без оглед на тешкотиите.

„Во сегашните услови, стабилноста и отпорноста на политичкиот систем се три пати поважни за Русија“, оцени рускиот лидер.

Пронајдете не на следниве мрежи: