Независната советничка листа од Кочани, „За живот во Кочани“ објави декларација за работа без надомест, со кој се обврзуваат дека нема да ги примат советничките плати, туку ќе ги вратат назад во буџетот на Општина Кочани.
„Ние, независната советничка листа „За живот во Кочани“, денес стоиме пред вас со една јасна порака и силна определба:
Советот на Општина Кочани мора да си го врати дигнитетот, довербата и вистинската улога – да служи на граѓаните, а не на личните интереси!
Затоа, јавно ја претставуваме нашата декларација за работа без надомест, со која се обврзуваме дека нема да ги примаме советничките надоместоци, туку тие средства ќе ги насочиме назад кон вас – граѓаните.
На годишно ниво тоа значи заштеда од 85.000 евра,
а до крајот на мандатот – речиси 350.000 евра кои ќе бидат пренаменети за решавање на вистинските проблеми во нашата општина.“
Тие им дадоа рок и на другите советници од останатите советнички листи, да ја потпишат декларацијата и да докажат дека се борат за градот, а не за сопствениот интерес.



