Сè ќе блеска: Направете домашна паста за чистење на бањата

Мора да отстои барем 20 минути

И покрај сите хемии за чистење бања на кои постојано трошиме пари, но и со кои потенцијално си го ризикуваме здравјето, санитариите никако да ја добијат онаа прекрасна, блескава боја со којашто зрачеле некогаш.

За среќа, снаодливите домаќинки нашле феноменално и многу евтино решение – домашна паста од само три состојки, што веројатно веќе ги имате дома!

Сè што треба да направите е да измешате пола шолја сода бикарбона, четвртина шолја хидроген и едно лажиче детергент за миење садови.

Нанесете ја пастата секаде каде што има наслаги од боја или нечистотии на санитариите, како и на плочките. Оставете ја да отстои најмалку 20 минути, па добро истријте ја со четка. Пота, отстранете ги сите остатоци од пастата со топла вода.

Ќе бидете воодушевени од резултатот!

Пронајдете не на следниве мрежи: