Уапсен претседател на избирачки одбор во Чаир!

Член наизбирачки одборт е уапсен денес на гласачкото место бр. 2938, во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир.

Според информациите од терен, апсењето се случило за време на паузата, кога лицето излегло надвор да пуши цигара.

Претседателот на изборната комисија на ова гласачко место изјави дека сè уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека процесот на гласање продолжил нормално.

Се очекува надлежните органи да дадат детали во наредните часови.

Извор: АлсатМ

Пронајдете не на следниве мрежи: