сабота, 28 ноември 2026
Најново

Милошевски: Вчерашните избори го одбележаа почетокот на крајот на статус квото во државата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

После вчерашните избори ништо повеќе во Македонија нема да биде исто.

Вчерашните избори го одбележаа почетокот на крајот на статус квото во државата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Покажаа дека е дојден крајот на времето кога естаблишмент партиите во Македонија добиваа избори поради брендот и старата слава и дека граѓаните во Македонија бараат сериознa понуда и темелни системски промени.

Граѓаните во Македонија со 50 илјади неважечки ливчиња покажаа дека не се спремни да гласаат за било кого.

Граѓаните со 50 илјади гласови за независни кандидати за градоначалници покажаа дека знаат да препознаат квалитет и дека им е доста од „како до сега“.

Граѓантите со 100-тина илјади гласови за помалите политички субјекти покажаа дека бараат нова опција.

Доаѓа време на големи промени, демократизација на државата и вистински плурализам!

Македонија вчера го положи првиот колоквиум.

Верувам дека ќе го положи и испитот.

Доаѓа времето на тивкото мнозинство.

Поврзани вести