Ќофтиња во сос од домати кои ја загреваат душата и телото: Класик кој никогаш не излегува од мода.

Потребно е:

За ќофтињата:

500 г мелено месо1 јајце1 кромид1 чешне лук2 лажици презла1 лажичка зачин со сушени билки1 лажица маслосолбибермалку слатка пиперка

За доматен сос:

500 мл сок од домати3 чаши вода0,5 dcl масло3 лажици брашносоледна лажица шеќермалку слатка пиперка

Подготовка:

Во сад измешајте го меленото месо, јајцето, кромидот, презлата, зачините, солта, биберот, маслото и мелената пиперка. Добро измешајте ги сите состојки и оставете ги во фрижидер најмалку 30 минути. Со раце формирајте топчиња со саканата големина. Одделно во тава, пржете малку брашно во масло и додадете сок од домати, измешајте и додадете вода. Зачинете. Додадете ги ќофтињата едно по едно во врелата вода и намалете ја температурата. Гответе ги ќофтињата околу 40 минути на средна температура. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: