Спајиќ: Црна Гора не прифаќа изградба на мигрантски кампови, но не исклучува изградба во соседните држави – Мицкоски молчи

Откако британските медиуми објавија дека земјата планира да испраќа мигранти на Балканот, премиерот Милојко Спајиќ се обрати на X.

„Црна Гора не учествува во оваа програма, но не го исклучуваме учеството на други од регионот“, нагласи Спајиќ.

Потесетуваме се дека „Тајмс“ претходно објави дека Обединетото Кралство ја разгледува можноста за испраќање мигранти на кои претходно им е одбиен азил во балканските земји – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија.

„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил би можеле да бидат испратени во миграциски центри во земјите од Западен Балкан и други трети земји“, пренесе Тајмс.

Патем, Албанија веќе постигнала сличен договор со Италија.

Британски Индепендент попладнево објави за преговори за изградба на мигрантски кампови на самитот во Обединетотот Кралство на кој учествува и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

До овој момент нема никаков одговор од македонските власти дали разговарале на таа тема и дали изградбата на мигрантски кампови е прифатлива за Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: