Од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција известуваат дека се вршат претреси за лихварство и перење на пари низ Скопје.
„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, едници на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје.
Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари.“
Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата.



