сабота, 28 ноември 2026
Најново

Инцидент во Центарот за социјална работа во Прилеп – се степале две колешки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тепачка меѓу две колешки го потресе Центарот за социјални работи во Прилеп. Настанот се случил вчера, 21 октомври 2025 година, околу 14:45 часот, кога 45-годишна вработена била нападната од своја колешка додека била на работното место.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, нападнатата жена случајот веднаш го пријавила во Одделението за внатрешни работи Прилеп, по што била спроведена првична истрага. Засега не се познати мотивите за инцидентот, ниту дали оштетената побарала лекарска помош по нападот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од МВР потврдија дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на околностите кои довеле до физичката пресметка меѓу двете жени. По завршувањето на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни пријави против напаѓачката.

Поврзани вести