КРЕМАСТ ПИЛЕШКА МУСАКА ЗА СОВРШЕН РУЧЕК: Семејството ќе чека во ред за повеќе

Ви треба:

500 г пилешки гради1 кг компири200 г рендано сирење100 мл павлака за готвење1 лажичка сушен мајчина душица1 лажичка сушен рузмарин1 лажичка лук во прав1 лажичка сол1/2 лажичка бибер1 чаша масло

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на прстени. Исечете го месото на коцки или издробете го. Додадете мајчина душица, рузмарин, лук во прав, сол, бибер во кремот. На дното од плех за печење што сте го намастиле со масло, наредете ред компири, ред месо додека не го потрошите сето. Прелијте со маслото. Ставете половина од количината сирење одозгора и прелијте го зачинетиот крем одозгора. Покријте со алуминиумска фолија и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу еден час. Распоредете го преостанатото сирење одозгора и вратете ја мусаката во рерна неколку минути да се стопи.

Пронајдете не на следниве мрежи: