Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината.
Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале во првиот круг и упати апел до сите кои сè уште се двоумат да го искористат своето право на глас в недела.
– Гледаме дека има наши граѓани кои со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од западноевропските земји за да гласаат во места како Брвеница и Кичево. Истовремено, има наши сограѓани кои остануваат дома мислејќи дека така ќе испратат порака или револт. Но, со тоа само дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина, порача Мицкоски.



