Апасиев: Левица ја дуплираше поддршката, Амар е новото лице на партијата

На вечерашната прес-конференција лидерот на Левица, Димитар Апасиев порача дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ стагнирале, а Левица ја дуплирале поддршката.

-Ова е пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица оваа вечер ќе честитам победа само на градоначалниците во Кичево и Брвеница – изјави Апасиев.

Според него, Левица на овие избори остварила значаен напредок и порача дека се прва партија во центарот на Карпош и урбаниот дел на Аеродром.

– ВМРО стагнира, Левица ја дуплира поддршката. Амар е новото лице на Левица – изјави Апасиев.

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, изрази задоволство од изборните резултати.

-Постигнавме нешто што не можевме да го замислиме пред два месеци, изјави Мециновиќ и додаде дека владејачката партија се обидела да ги обесхраби скопјани ама не успеала.

Пронајдете не на следниве мрежи: