Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ стои зад Украина и е подготвена да ја обезбеди потребната помош за земјата да не се соочи сама со претстојната зима.
„ Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ е со вас и обезбедува итна енергетска помош за поддршка на Украина во наредните месеци“, напиша фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.
Таа додаде дека Европската комисија истовремено разгледува опции за обезбедување на потребната континуирана финансиска поддршка за Украина.
„Утре ќе го усвоиме нашиот Пакет за проширување , кој ќе ја истакне исклучителната посветеност на Украина на нејзиниот европски пат во текот на изминатата година“, рече претседателот на ЕК.
Фон дер Лајен нагласи дека пораката на Комисијата е јасна, имено дека Украина е подготвена да продолжи напред.
Руските напади врз украинската инфраструктура се интензивираа во претходните денови, и затоа, според украинскиот јавен сервис Суспилна, има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија и ограничувања на капацитетот за дистрибуција на електрична енергија во Украина, а во неделата целиот регион Донецк остана без електрична енергија поради руските напади.
The post Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима appeared first on Во Центар.



