Основното јавно обвинителство во Скопје покрена истрага против четири лица – двајца мажи и две жени, за кривично дело „Разбојништво“ по член 237 став 4, во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата, како група, насилно одзеле 200 илјади денари од едно лице.
„На 30 октомври, жртвата отишла во мотел во Скопско со една од осомничените, по што таа му предложила да се јави на друга девојка. Жртвата се согласила, а осомничениот ја повикал другата жена, и заедно ја убедиле жртвата да одaт во „подобар и поевтин хотел“.
„Напуштајќи ја собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекаа двајцата мажи кои се договориле со жените и заедно го нападнаа оштетениот. Го удираа по главата и телото сè додека не го соборија на земја, а од џебовите му ги зедоа парите, мобилниот телефон и личната карта.“
„Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје за определување мерка притвор за четворицата осомничени, поради ризик од бегство и можност за повторување на кривичното дело“, соопшти Обвинителството.
За една од осомничените жени, која е во бегство по извршувањето на кривичното дело, притворот ќе почне да се применува од моментот кога ќе биде пронајдена и лишена од слобода.
The post Истрага против четири лица, нападнале и одзеле 200 илјади денари од лице од Скопjе appeared first on Во Центар.



