Откриен новиот воен план на Трамп: Ќе ја нападне оваа земја и ќе ѝ ја земе нафтата – а лидерот ќе биде ликвидиран?!

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разви неколку можни сценарија за воена интервенција во Венецуела.

Тоа вклучува директни напади врз воени единици што го штитат претседателот Николас Мадуро и преземање контрола врз нафтените полиња во Венецуела, дознава CBS News, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

Според тие извори, Трамп сè уште не донел конечна одлука за следниот курс кон Каракас, но разгледува опции што би можеле да претставуваат сериозен ризик за американските трупи и да доведат до евентуален политички неуспех доколку операцијата не успее.

Белата куќа бара правна основа за воениот напад

Извори на CBS News наведуваат дека најблиските советници на Трамп побарале од Министерството за правда на САД дополнителни правни толкувања што би можеле да послужат како основа за евентуална воена акција против Венецуела. Иницијативата доаѓа паралелно со постоечката американска кампања против бродовите во Карипското Море, за кои Вашингтон тврди дека се вклучени во трговија со дрога, иако не се презентирани конкретни докази.

Некои високи функционери на администрацијата веруваат дека новата правна стратегија би можела да вклучува обвинувања дека Мадуро и неговите безбедносни претставници се дел од таканаречениот „Картел де лос Солес“, кој американските власти го означија како „наркотерористичка организација“.

Трамп: Се сомневам дека ќе одиме во војна, но деновите на Мадуро се одбројани

На прашањето дали САД се подготвуваат за војна со Венецуела, Трамп одговори:

– Се сомневам. Не мислам така, но тие се однесуваа многу лошо со нас, не само во однос на дрогата – рече Трамп, повторувајќи го обвинението дека Николас Мадуро отворил затвори и ментални установи во земјата и испратил членови на криминалната банда Трен де Арагуа во САД.

На прашањето на новинарите дали „деновите“ на Мадуро на власт се одбројани, Трамп одговори кратко и јасно:

– Мислам дека се.
The post Откриен новиот воен план на Трамп: Ќе ја нападне оваа земја и ќе ѝ ја земе нафтата – а лидерот ќе биде ликвидиран?! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: