Докторот предупредува: Ова популарно овошје е меѓу најлошите што можете да ги јадете

Јагодите се едно од најпопуларните овошја, но според докторот Дејвид Сеспедес, тие се и меѓу најлошите за јадење, барем кога станува збор за количината на пестициди што ги содржат. Проблемот не е во самото овошје, туку во хемикалиите што остануваат на неговата површина и кои повеќето луѓе не ги отстрануваат правилно, пишува „ Мирор“ .

Д-р Сеспедес истакнува дека јагодите содржат повеќе пестициди од кое било друго овошје. Тој тврди дека најчестата грешка што ја прават луѓето е едноставно да ги исплакнат со вода и веднаш да ги стават во фрижидер.

„Јагодите најчесто само се плакнат под млаз вода, што не ги отстранува хемикалиите од нивната површина. Покрај тоа, оставањето влажни јагоди во фрижидер го забрзува нивното расипување“, објасни тој.

Како правилно да се мијат јагодите?

Докторот препорачува едноставен метод што може да помогне во отстранувањето на повеќето пестициди. Јагодите треба да се потопат во вода со сол или 3-процентен оцет околу десет минути. После тоа, важно е добро да се исплакнат, да се исушат и да се складираат во херметички затворен сад.

На овој начин, вели Сеспедес, јагодите не само што ќе бидат почисти, туку и ќе останат посвежи подолго.

Зошто воопшто не треба да ги избегнуваме

Иако содржат високо ниво на пестициди, јагодите се исклучително вредни хранливо. Тие се богати со антиоксиданси и витамини, особено витамин Ц, и помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и зачувувањето на здравјето на срцето. Тие исто така содржат манган, фолна киселина (витамин Б9) и калиум, а имаат и ниска калорична вредност.

Според „Хелтлајн“, бобинките, вклучувајќи ги и јагодите, имаат антиинфламаторни својства и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од развој на рак. Некои истражувања покажаа дека соединенијата во јагодите можат да го забават или дури и да го спречат растот на туморските клетки, вклучувајќи ги и оние поврзани со рак на црниот дроб и усната шуплина.

Опасноста од „вечните хемикалии“

Загриженоста за контаминација е дополнително засилена со извештајот на Мрежата за акција против пестициди во Велика Британија за 2024 година. Во него се наведува дека многу прехранбени производи содржат PFAS пестициди, познати и како „вечни хемикалии“, кои се разградуваат екстремно бавно во природата и можат да се акумулираат во човечкото тело.

Анализа спроведена во 2022 година покажа дека дури 95 проценти од тестираните примероци од јагоди содржеле траги од PFAS. Освен што остануваат во животната средина, овие хемикалии можат да се акумулираат во крвта, коските и другите ткива.

На листата на најконтаминирана храна, покрај јагодите, се наоѓаат и грозје, цреши, спанаќ, домати, како и праски и нектарини.
The post Докторот предупредува: Ова популарно овошје е меѓу најлошите што можете да ги јадете appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: