Висок напредок во областа на Царинска унија потенциран во извештајот на Европската комисија

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата потенциран висок напредок во областа Царинска унија – ова е уште еден цврст доказ за спроведените реформски политики на Царинската управа со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

-Покажуваме сериозен напредок и одиме посилно! Високото ниво на напредок, нотирано од Европската Комисија е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики кои што треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ, вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

На фејсбук профилот на Царинската Управа а е наведено:

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата потенциран висок напредок во областа Царинска унија – ова е уште еден цврст доказ за спроведените реформски политики на Царинската управа со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.Напредок во усогласување и унапредување на ИКТ системите – завршен и пуштен во употреба #НКТС 5, развој на #ЕОРИ 2 и унифицирано управување со корисници и дигитален потпис..Царинското законодавство високо усогласено со правото на ЕУ. Ратификуван Протоколот за елиминација на нелегалната трговија со тутунски производи – државата со важна обврска во борбата против царинските измами и спречување шверц на тутунски производи.Зголемена наплата на приходи на Царинската управа – Вкупните приходи во 2024та за 6,3 % повисоки од 2023та, надминувајќи две милијарди евра.Оперативен капацитет – Усвоена Стратегија за развој на Царинската управа, 2025 – 2027. Воспоставен сеопфатен разузнавачки систем. Зголемен број на случаи на заплени.Борба со корупција – Усвоена нова Стратегија за интегритет и борба против корупција 2024-2027, со 22 таргетирани мерки.Заштита на права на Интелектуална сопственост – Во 2024та во 73 случаи запленети 147.525 стоки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.Добрососедски односи и регионална соработка – потпишан Меморандум со Царинската управа на Црна Гора со цел поефикасни контроли, спречување царински измами и забрзување на легалната трговија!

The post Висок напредок во областа на Царинска унија потенциран во извештајот на Европската комисија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: