Приштина почна со производство на камикази дронови: „Скифтер“ лета со брзина од 270 км/ч и има оперативен дострел од 20 км

Премиерот на Косово, Албин Курти, објави дека во Гњилане е претставен првиот домашен дрон „Скифтери“, посочувајќи дека Приштина влегува во нова фаза од развојот на одбранбената индустрија.

Курти истакна дека Косово, покрај испораките од странство, сега самата ги произведува своите први дронови, пренесува Коха.

– Ја градиме и развиваме иднината на одбранбената индустрија и подобрувањето на борбените беспилотни летала во Косово. Нашата земја станува земја производител. Во Гњилане, заедно со градоначалникот Хисени, посетивме компании што произведуваат воени беспилотни летала – напиша Курти.

Тој ги спомена и техничките детали за новите дронови.

– Камиказе дрон „К1“ достигнува максимална брзина од 180 километри на час и висина до 2.500 метри, додека „Скифтер“ достигнува висина од 5.000 метри и има оперативен дострел од 20 километри и брзина од 270 километри на час – прецизираше премиерот на лажната држава.

Курти додаде дека по испораката на дроновите „Бајрактар ​​ТБ-2“, „Пума“ и „Скајдагер“, ќе продолжат инвестициите во системот за заштита и безбедност, како и зголемување на капацитетот и продуктивноста.
The post Приштина почна со производство на камикази дронови: „Скифтер“ лета со брзина од 270 км/ч и има оперативен дострел од 20 км appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: