Застрашувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го прикажува моментот кога питон долг шест метри напаѓа туристички водич, се обвиткува околу неговиот врат и го влече во реката.
Инцидентот се случил на островот Борнео во Индонезија, додека човек по име Херу пловел со група туристи. Кога се приближиле до брегот, забележале огромна змија како се одмара меѓу гранките.
Драматична борба
Видеото го прикажува Херу, седејќи на работ од чамецот, како посегнува во матната вода и ја зграпчува змијата за главата – но во следниот момент ситуацијата се претвора во кошмар.
Питонот одеднаш се стресна и го извлече човекот од чамецот, исчезнувајќи заедно со него под површината! Во неколкуте драматични секунди што следат, водичот се појавува, извиткувајќи се во паника додека змијата се обвиткува околу неговиот торзо, раце, а потоа и околу вратот.
Остатокот од екипажот веднаш скокна во водата и се обиде да го спаси. Двајца мажи се бореа со змијата – едниот ја држеше за главата, другиот за опашката – додека се обидуваа да ја одвојат од Херу.
„Тоа беше најсилниот и најголемиот питон“
По напната борба, тие успеаја да ја совладаат и да го ослободат несреќниот човек кој избега неповреден.
Змијата подоцна била фатена и внесена на чамецот, каде што членовите на екипажот направиле неколку фотографии, пред да ја пуштат во водата, објави News.com.au.
„Тоа беше најголемиот и најсилниот питон што некогаш сме го виделе“, рече Мохамад Алиса, кој ги сними шокантните сцени.
,,Нашиот принцип е да не им нанесуваме штета на живите суштества. Фотографиите се само за научни цели.“
Островот Борнео е дом на неколку видови питони, вклучувајќи го краткоопашестиот питон и мрежестиот питон, а ова видео уште еднаш нè потсетува колку можат да бидат непредвидливи, а понекогаш и застрашувачки опасни средбите меѓу луѓето и дивите животни во тропските предели.
The post (вознемирувачко видео) Питон од 6 метри му се обвитка околу вратот, се водела борба на живот и смрт appeared first on Во Центар.



