Од денес, трајното врзување на кучиња во домот е официјално забрането во Словенија, соопшти Управата за безбедност на храната, ветеринарна медицина и заштита на растенијата.
Од денес, трајното врзување на кучиња во домашна средина е официјално забрането во Словенија , соопшти Управата за безбедност на храната, ветеринарна медицина и заштита на растенијата.
Според измените на Законот за заштита на животните од 2023 година, кучињата повеќе не смеат да бидат трајно врзани со синџири или јажиња, објави РТВ СЛО.
Наместо тоа, сопствениците мора да обезбедат простор што им овозможува на кучињата слободно да се движат, кој мора да биде безбеден, да обезбеди заштита од временските услови и да спречи животното да избега.
За прекршоци се предвидени казни во износ од 1.000 до 1.600 евра. Управата навела дека трајното врзување негативно влијае на физичката и психолошката состојба на кучињата, предизвикувајќи повреди, нарушувања во однесувањето и зголемена чувствителност на временските услови.
Забраната не се однесува на употребата на поводници како средство за контрола на кучиња на јавни места.
The post ОВА Е ЗАБРАНЕТО ВО СЛОВЕНИЈА ОД ДЕНЕС! Секој што ќе го прекрши законот ќе биде казнет со казна од 1.000 до 1.600 евра appeared first on Во Центар.



