Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, ја фали Албанија за напредокот во инфраструктурата на земјата. Тој смета дека нашиот западен сосед имал голем економски развој во последните години, а од друга страна, има забелешка за Бугарија во однос на нејзината инфраструктура и поврзаност со Македонија.
„Неколку пати патував по автопатот Блаце-Приштина-Тирана, но другиот ден отидов специјално да патувам по автопатот Тирана-Ќафасан, кој се одвива со невидена брзина, и автопатот Тирана-Дебар, кој ме импресионираше особено со живописниот пејзаж низ кој минува, но и со бројните тунели и мостови.
Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десет години.
„Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема изградено никакви инфраструктурни проекти кон Македонија“, се вели во објавата на Георгиевски на социјалните мрежи.
The post Георгиевски: Бугарија останува единствениот сосед што триесет години не изградил никаков инфраструктурен проект кон Македонија appeared first on Во Центар.



