Овој рецепт е идеален за сите моменти кога сакате нешто едноставно и брзо, но доволно обилно за да го нахраните целото семејство. Питата е совршена за појадок, ужина, па дури и како брз ручек или вечера. Без многу компликации, но со богатство од вкусови, оваа пита сигурно ќе стане едно од вашите омилени јадења!
Состојки:
3 компири3 јајца1 китка магдонос2 лажици брашно150 г сирењесол, бибер, мелена пиперка
Подготовка:
Изрендајте ги компирите, потоа натопете ги во вода. Исечкајте го магдоносот, потоа измешајте го со јајцата и зачините и матете. Процедете ги компирите, додадете го брашното и измешајте. Истурете ги во јајцата и соединете сè. Истурете ја половината од смесата во тава во која сте го загреале маслото, добро распоредете го, потоа додадете ги парчињата сирење и истурете ја другата половина од смесата. Покријте и печете околу 15 минути, потоа свртете, додадете уште малку масло и печете покриено уште 7 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи:


