Вчера се регистрирани 4.239 руски напади врз Украина

На линијата на фронтот во Украина, вчера се регистрирани 265 борбени судири меѓу украинските и руските сили, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својот Фејсбук профил.

Руските сили извршија два ракетни напади врз позициите на украинските единици и населби, користејќи 23 ракети, и 52 воздушни напади, испуштајќи 111 наведувани бомби. Покрај тоа, тие извршија 4.239 напади, од кои 169 беа од повеќекратни ракетни лансери, и користеа 4.863 камикази дронови.

Руската војска изврши воздушни напади врз областите Березовка во Харковскиот регион, Покровски во Днепропетровскиот регион, Тернувати, Червоње, Гуљајпол и Орехово во Запорожскиот регион.

Пронајдете не на следниве мрежи: