Шакира повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение на „Зутопија 2“.
Синоќа, Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на филмот „Зоотопија 2“ во Холивуд, а посебно внимание привлече кога пристигна во придружба на нејзините синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството прошета по црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во совршено координирани виолетови комбинации, воодушевувајќи ги сите присутни.
Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода, Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.
Нова песна за филмот
Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна наречена „Zoo“ за филмот. Музичкото видео што ја придружува песната е штотуку објавено.
Новото продолжение на популарниот филм „Зутопија 2“ се прикажува во кината низ целиот свет на 26 ноември.
The post Шакира се појави на премиерата на филмот со своите синови: Модно се координираа и го привлекоа целото внимание на црвениот тепих appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



