Протест во Скопје поради трагедијата во Кочани! Родители: Бараме судење без одложување и без прикривање на докази

„Она што го бараме не е услуга или привилегија, туку обврска на државата, фер, транспарентно и навремено судење“, изјавија родителите на жртвите во кочанската трагедија, пред Кривичниот суд во Скопјe.

„Нашите најблиски не се меѓу нас, но ние сме нивниот глас. Бараме судење без одложување, без притисок, без прикривање докази, без селективност, за да се утврди секоја одговорност, без разлика колку е непријатна. Многу семејства живеат со оваа болка, бараме правда и вистина, а не милост, бараме одговорност. Одлуките што ќе ги донесете во овој процес не се само правни, туку и човечки, морални и историски, зад секое име во оваа трагедија стои сакана личност која никогаш нема да се врати, рекоа семејствата на загинатите. Ние, родителите и семејствата на 63-те изгубени животи и 300 други повредени, денес го креваме нашиот глас за правда за нашите деца“, изјавија неколку родители.

Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, бидејќи семејствата на жртвите бараа овој процес да биде транспарентен и непристрасен.

„Нема да дозволиме позицијата, влијанието или политичката моќ да бидат штит за неказнивост“, велат семејствата на починатите, кои нагласија дека во обвинението се наведени министри, градоначалници и разни функционери.
The post Протест во Скопје поради трагедијата во Кочани! Родители: Бараме судење без одложување и без прикривање на докази appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: