четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џенифер Лопез во фустан како од бајка: Деталот во форма на песочен часовник даваше посебен шарм

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна во прекрасен фустан на 16-тото доделување на „Governors Awards“ што се одржаа во Лос Анџелес и го привлече вниманието на присутните.

Таа носеше креација од австралиската дизајнерка Тамара Ралф која дополнително го истакна нејзиното затегнато тело и деколте со црн детаљ во форма на песочен часовник. Додаден е долг карнер на колковите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Џенифер Лопез се одлучи за подигната фризура и шминка во природни нијанси, а изгледот го комплетираше со долги ракавици, накит и чанта.

Наградите „Governors“ ги доделува Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) за извонреден придонес во филмската индустрија. Меѓу добитниците на наградите оваа година се Том Круз, Деби Ален и Вин Томас.

Покрај Џенифер Лопез, на оваа церемонија присуствуваа и бројни други познати личности, меѓу кои Аријана Гранде, Луси Лиу, Џереми Стронг, Леонардо Дикаприо, Мајкл Б. Џордан, Миа Гот и Оскар Исак.

Последниот филм на Џенифер Лопез беше „Kiss of the Spider Woman“, кој се појави во кината низ целиот свет во октомври. Обожавателите се воодушевени од нејзините актерски способности, а некои дури и ѝ предвидуваат Оскар.