Шок во светот на спортот – Освојувачка на златен медал почина на 28 години

встралиската парациклистка Пејџ Греко, освојувачка на златен медал на Параолимписките игри во Токио 2020 година, почина на 28-годишна возраст.

Медиумските извештаи велат дека Пејџ починала по ненадеен медицински инцидент во нејзиниот дом во Аделаида. Веста ја објави нејзиното семејство во понеделник, преку Австралиската велосипедска федерација.

„Пејџ ни значеше сè. Нејзината љубезност, решителност и топлина беа со нас секој ден “, рекоа нејзините родители, заблагодарувајќи им се на сите за нивната поддршка и нагласувајќи колку се горди на начинот на кој нивната ќерка ја претставуваше Австралија.

Пејџ почина во својот дом во Аделаида по ненадеен здравствен проблем, а нејзиното семејство побара приватност. Нејзината мајка Натали рече дека Пејџ била сè за нејзиното семејство.

„ Таа донесе толку многу радост и гордост во нашите животи, а болката од нејзината смрт ќе биде со нас засекогаш. Иако сме скршени од нејзината загуба, неверојатно сме горди на личноста каква што беше и на начинот на кој ја претставуваше Австралија. Нашето семејство е благодарно за поддршката што ни ја покажаа толку многу луѓе, нејзините соиграчи и пријатели. Тагуваме и бараме приватност и време за да се справиме со оваа тешка загуба“, изјави мајката на Пејџ, според „Гардијан“.

Греко испиша историја во Токио освојувајќи го првото олимписко злато за Австралија во паравелосипедизам, поставувајќи светски рекорд во поединечната трка од 3.000 метри C1-C3. Таа, исто така, освои два бронзени медали – во друмската трка и хронометарот – и беше наградена со Орден на Австралија во 2022 година за нејзиниот придонес во спортот.

Греко претходно се натпреваруваше во параатлетика и се обиде да се квалификува за Рио 2016, но не успеа. Потоа се пресели во Аделаида, каде што тренираше на Јужноавстралискиот институт за спорт и ги заврши студиите по спортски науки. Од нејзиното меѓународно деби во 2019 година, таа освои повеќе титули и светски рекорди, како и бројни медали на светски првенства. Оваа година, таа веќе освои два бронзени медали на Светското првенство и на Светското првенство во друмски велосипедизам, што се одржа во Белгија.
The post Шок во светот на спортот – Освојувачка на златен медал почина на 28 години appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: