Во кривичниот суд Струга денеска повторно се одложи судскиот процес кој се води против гинеколозите Мухамед Асани, Блертон Асани и Лилјана Јованоска а во врска со извадените органи на Јалдз Веапоска која при царски рез остана без матка, јајник и бубрег.
– Денеска се одложи рочиштето поради недоаѓање на адвокатот на Асани. Дали е ова нормално? Дали има човечност да се одлага и да не доаѓа адвокатот? Најавувам протести, ако до крајот на месецот судењето не заврши. Како што дојдов денеска со многу луѓе од Дебар, така најавувам поголеми протести пред судовите во Дебар, Струга и Скопје и сите судови ќе се блокираат за јас да ја добијам правдата, изјави за „Слободен печат“ Јалдз Веапоска.
Денеска во судница дошле и медицински вештаци кои го изготвија супервештачењето за нејзиниот случај, но не можеа да бидат испитани бидејќи првообвинетиот Мухамед Асани дојде а неговиот адвокат не.
Извор: Слободен печат



