Пензиите ќе се зголемат за околу 10%, а платите на граѓаните од 6,5%.

Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, порача Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ , во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој се осврна на делот за пензии,  и во тој контекст , Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.
„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.
Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.
„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски.
„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“, тврди пратеникот на ВМРО ДПМНЕ ,Бране Петрушевски

Пронајдете не на следниве мрежи: