Тајната состојка на кожата БЕЗ брчки

Секоја жена пробала барем една домашна маска за подмладување, без да знае дека ефектот не бил видлив заради тоа што не ја содржела тајната состојка – Аспирин

Аспиринот има моќ да му се спротивстави на стареењето на кожата, а воедно и помага при проблематична кожа.

Затоа не се двоумете дали да пробате некоја од овие маски:

Аспирин и лимон
Состојки:

3 аспирини
3 лажички сок од свеж лимон

Изгмечете ги таблетите аспирин и измешајте ги со сокот од лимон додека не добиете паста. Измијте го лицето, нанесете ја пастата и оставете да делува 10 минути. Отстранете ја маската со вода.

Јогурт, мед и аспирин
Состојки:

5 аспирини
1 лажица јогурт
½ лажица мед

Изгмечете ги таблетите аспирин и повторно измешајте ги со останатите состојки. Нанесете на сува кожа, оставете да делува 30 минути, па потоа исплакнете со топла вода.

Пилинг
Состојки:

3 аспирини
3 лажички топла вода

Изгмечените аспирини разредете ги во вода и со пастата тријте го лицето 2-3 минути. Оставете да делува уште 10 минути. Исплакнете и нанесете крема.

Пронајдете не на следниве мрежи: