Ви треба:
500 г печурки2 кромида100 г сува сланина2 лажици масло2 чешниња лук10 парчиња леб250 мл млеко200 мл павлака3 јајцаедна лажица суви зачинимагдоноссолбибероригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени. Исчистете ги печурките и исечете ги на парчиња. Ситно исечкајте го кромидот и лукот, потоа исечете ја сланината на тенки парчиња. Потоа пржете ги во врело масло и додадете ги печурките. Пржете сè заедно, потоа зачинете со сол и црн пипер. Потоа додадете го лукот, малку оригано, магдонос и зачини. Потопете пет парчиња леб во млеко и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете половина од печурките врз лебот. Потоа ставете уште еден слој натопен леб и преостанатите печурки. Прелијте ги со смесата од павлака и јајца. Печете ја мусаката околу 20 минути во рерна претходно загреана на 160 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


