Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците ја напушти коалицијата со ДУИ – „Национална алијанса за интеграција“.
Оваа одлуката била донесена на состанокот на Претседателството, каде се дискутирало и за резултатите на локалните избори, по што било отворено прашањето за евентуален влез на АА на Села во Владата.
реклама
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во овој момент нема такво размислување.
„Како Влада имаме историски високо мнозинство во парламентот, двотретинско, и во овој момент нема такво размислување, наглси Мицкоски.



