Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот јавен суд во Скопјe започна од почеток поради замена на член на судечкиот совет. На денешната седница страните се фокусираа на воведните зборови и се согласија дека ќе бидат прочитани досега земените исказите на сведоците, по што процесот продолжи со испрашување на сведоците.
Во воведниот збор, адвокатот на обвинетиот, Никола Васев, денес додаде дека дејствијата за кои се товари обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле ангажирани и други вработени на клиниките, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинението.
Обвинети во овој случај се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и економскиот директор Нехад Нухи. Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението, кое беше одобрено во јуни оваа година.Според обвинението, Васев и Нухи нелегално купувале лекови од 2018 до 2022 година, ги криеле преку фиктивни тендери и проневериле дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.
Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички измислено, засновано на економска експертиза од лица кои самите се инкриминирани.
Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води уште еден процес – „Онкологија 1“, за несоодветен третман на пациенти.
The post Судењето за случајот „Онкологија 2“ почнува од почеток appeared first on Во Центар.



