Рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги посети „новите региони на Русија“ до крајот на годината.
„Сè уште не е одреден конкретен датум, но оваа можност не треба да се исклучува“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Од 23 до 27 септември 2022 година, во ЛНР, ДНР, Херсон и Запорожје, украински региони кои Русија ги присвои, беа одржани референдуми за присоединување на регионите кон Русија. Потоа, на 30 септември, во Кремљ се одржа свечена церемонија за потпишување на договор за прием на нови територии во земјата.
Украина, како и европските држави не ги признаваат овие региони како руска територија.



