Најсмртоносниот напад во историјата на Бразил: 122 лица загинаа во полициската акција, а убиени беа и пет полицајци

Цивилната полиција во Рио де Жанеиро ја потврди смртта на уште еден полицаец ранет во најсмртоносната операција против дрога во Бразил, со што бројот на убиени полицајци во акција се искачи на пет.

Ова е најголем број на загинати полицајци досега регистрирани во рација во таа земја, пренесува Ројтерс.

Во операцијата, спроведена на 28 октомври во комплексите фавели Пења и Алемао на север од Рио де Жанеиро, загинаа вкупно 122 лица.

Гувернерот Клаудио Кастро го поздрави нападот како успех, но групите за човекови права ги осудија безбедносните сили, наведувајќи го неверојатниот број на жртви и она што го опишаа како прекумерна бруталност.

Полициската операција беше насочена кон членови на „Командо Вермељо“, долгогодишна криминална организација со упориште во Рио и други региони на Бразил.
The post Најсмртоносниот напад во историјата на Бразил: 122 лица загинаа во полициската акција, а убиени беа и пет полицајци appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: