Грешката на Заев и Ахмети во 2020: Како СДСМ го сведе својот коалиционен потенцијал на нула

Најголемата грешка во преговорите за влада во 2020 година според Насер Зибери била на Зоран Заев, а не на Ахмети. Насер Зибери кој беше првиот кандидат за Албанец за премиер, раскажува за емисијата Во Центар дека Али Ахмети застапувал став за пола-пола мандат (две години) или една со три (1/3 од мандатот) за премиер Албанец, со цел тој да биде првата година. Заев, со тоа што попуштил само на последните три месеци, ја направил грешката. Овие три месеци го коштале СДСМ, кој „се самоуништи“ и го сведел својот коалиционен потенцијал на нула.

„Грешката на Ахмети во однос на ова што го велите вие за уставни измени и премиер Албанец поголема е на Зоран Заев отколку на Амети. Зошо преговорите кога се водеа за составување на таа влада, Амети застапуваше став пола пола мандатна две години. Кога веќе се виде дека тоа е нереална амбиција на ДУИ и Ахмети се согласи дека две години се нереална амбиција бидејќи и бројките не го претставуваат тоа. Ама првата година Албанец премиер ќе беше подобро и во интерес на СДСМ зошто три години ќе го забораваше народот тоа што некој бил првата година Албанец премиер.

Мислам дека во последен момент Заев а оди на Кале и вели ако ова се случува мене ќе ме избришете, јас ќе капитулирам, јас вака, јас така. Ве молам дајте притискате другата страна. Еве сум спремен три последните три месеци да останат. Што беше грешка? Тие три месеци го коштаа СДСМ прескапо.

Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:

The post Грешката на Заев и Ахмети во 2020: Како СДСМ го сведе својот коалиционен потенцијал на нула appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: