Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека нема што да коментира околу дивоградбите во Чаир, објави 4NEWS.mk
Прашан за коментар на најавата на државниот јавен обвинител за можно спојување на двата предмета за дивоградбите во скопски Чаир, Мицкоски порача:
„Органите треба да си ги вршат своите работи, ако така одлучило Обвинителството тоа е нивна работа, немам што да коментирам. Доколку постои основа за било какви кривични дела, нема тука дилема.“



