Памучните ролни се совршено тесто во кое ќе ужива целото семејство, особено децата. Лесни се за правење.
За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
Една чаша јогурт
Една чаша топло млеко
Две жолчки од јајца
Две белки од јајца
Три лажици шеќер
Една мала лажичка сол
Еден инстант квасец
Еден прашок за пециво
Три чаши брашно
Две жолчки од јајца за премачкување на ролатите
Сирење или друг прелив по ваш избор
Подготовка
Измешајте ги сите состојки и месете. Оставете го тестото да отстои најмалку еден час. Направете топчиња, потоа расукајте ги и наполнете ги со филот.
Оставете ги уште 10 – 15 минути за да нарасне тестото додека чекате рерната да се загрее. Печете на 180 степени Целзиусови 10 – 15 минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Уживајте!
The post Најдобриот рецепт за кифлички: Меки се како памук и се топат в уста appeared first on Во Центар.



