Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитетот изминатиот викенд го организираше меѓународниот Симпозиум „Меѓу праксата и науката: Отворено за контроверзии во клиничката пракса“ – еден од најзначајните настани во стоматолошката заедница оваа година.
На 21 и 22 ноември, овој настан обедини повеќе од 270 регистрирани учесници, дополнети со над 50 гости, што уште еднаш ја потврди релевантноста на МИТ Универзитетот како центар на континуирана стручна едукација.

Симпозиумот беше акредитиран од надлежните институции, што уште еднаш го потврди неговиот квалитет и значењето за професионалното усовршување на стоматолошките кадри, а дополнително се одржаа и три специјализирани акредитирани работилници кои понудија применливо знаење, практична работа и интерактивен пристап со водечки клиничари и универзитетски професори.

Присутните имаа можност да слушнат врвни домашни и предавачи од целиот регион, да отворат професионални дилеми, да дискутираат за современите клинички предизвици и да разменат искуства кои ја движат стоматолошката практика напред.
Особено признание добија:
за нивниот исклучителен придонес во развојот на стоматолошката наука, клиничката пракса и образованието.
Со овој Симпозиум, МИТ Универзитет уште еднаш постави нови професионални стандарди во организацијата на научни и едукативни настани од областа на стоматологијата.



