Две лица од селото Пештани се уапсени во Охрид откако во раните утрински часови навредиле, а потоа и физички нападнале полицајци додека ја извршувале својата должност на регионалниот пат Охрид-Шен Наум.
Кај двајцата приведени е утврдено дека биле под дејство на алкохол, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
„На 29.11.2025 година, во 01:10 часот, во Полициската станица во Охрид се приведени Г.М. (52) и Р.М. (65), двајцата од село Пештани во Охрид. Претходно, на регионалниот пат Охрид – Шен Наум, во близина на населбата „Свети Стефан“ во Охрид, тие прво вербално ги навредувале, а потоа и физички ги нападнале полициските службеници кои извршувале службени дејствија. При алкотестирањето, кај Г.М. е утврдено ниво на алкохол во крвта од 1,63 промили, додека кај Р.М. е 0,53 промили. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни пријави“, се наведува во соопштението на Полициската станица во Охрид.
The post Две лица од Охрид, во пијана состојба, физички нападнале полицајци додека извршувале службени задачи appeared first on Во Центар.



