Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека сака да ја прошири забраната за употреба на мобилни телефони и во средните училишта. Оваа забрана веќе е на сила во основните училишта во Франција.
„Ги отстранивме мобилните телефони од основните училишта. Веројатно ќе го прошириме ова и во средните училишта од следната учебна година“, рече Макрон, според телевизијата BFM .
Како што истакна, тоа е место каде што се учи и се разменуваат информации.
„Се соочуваме со бран на осаменост и проблеми со менталното здравје кај нашите млади“, рече Макрон и најави започнување на голема информативна и превентивна кампања насочена кон родителите.
Франција веќе ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта, што беше предизборно ветување на францускиот претседател. Законот забранува употреба на мобилни телефони, таблети и други електронски уреди поврзани на интернет.
Исклучоци се воннаставните активности или употребата на овие уреди од страна на ученици со посебни потреби.
The post Макрон подготвува построги мерки appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



