Украинците се упатуваат кон САД на мировни преговори откако потонаа два руски танкери во Црното Море

Американскиот државен секретар Марко Рубио и преговарачите Стив Виткоф и Џаред Кушнер денес се среќаваат со украинските преговарачи во Флорида, откако Украинците објавија дека стојат зад нападите со беспилотни летала врз два руски танкери за нафта и по смртоносните напади на Русија врз Киев.

Беше најавено дека ќе разговараат за планот на Вашингтон за прекин на војната во Украина, додека Зеленски доцна синоќа објави дека делегацијата веќе е на пат кон САД, што значи дека веќе требало да пристигнат во Флорида.

Од украинска страна, на преговорите доаѓа секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и шеф на украинската делегација Рустем Умеров, заедно со тимот.

Состанокот ќе се одржи без главниот помошник на Зеленски, Андрије Јермак, кој поднесе оставка во петокот откако антикорупциските агенции го претресоа неговиот стан.

Руските претставници претходно изјавија дека Виткоф планира да отпатува за Москва следната недела, повторувајќи ги зборовите на Трамп дека ќе го испрати својот претставник во Русија да се сретне со Путин за да разговараат за „префинет“ мировен план.

Патем, руските танкери што беа погодени од Украинците беа дел од тајната руска флота, со оглед на тоа што се наоѓаа на санкционирани рути. Првите информации беа за експлозии и пожари на танкери што беа изгаснати од турската флота, со оглед на тоа што танкерите беа во нивните води. Подоцна, Украинците објавија видео од потонувањето и ја презедоа одговорноста за нападот.
The post Украинците се упатуваат кон САД на мировни преговори откако потонаа два руски танкери во Црното Море appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: