Тројца возачи приведени, еден пијан со 2 промили, друг со 91 км/ч каде дозволено е 40

Шокантни прекршоци на македонските патишта. Во изминатите два дена полицијата лиши од слобода тројца возачи во Македонска Каменица, Кратово и Куманово поради опасно и безобѕирно управување со возила.
Вчера, околу 23 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полицијата го приведе Д.Ј. (54) кој управувал „Хјундаи“ со 2,00 промили алкохол во крвта.
Три часа подоцна, на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово, лишен од слобода е дваесет и петгодишниот Д.К. кој возел „Ауди“ со кочански регистарски ознаки и имал 1,72 промили алкохол.
Во Куманово пак, на регионалниот пат кај селото Доброшане, вчера околу 14 часот, полицијата го привела И.М. (45) кој управувал „Мицубиши“ со брзина од 91 километар на час на делница каде дозволената брзина е 40 км/ч.
Полицијата по целосно документирање на случаите, против тројцата ќе поднесе кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пронајдете не на следниве мрежи: