Секс во болница за време на операција: Доктор ја напуштил пациентката за привлечна медицинска сестра

Висок британски анестезиолог, д-р Сухаил Анџум (44), оставил пациент за време на операција за да има секс со медицинска сестра.

Инцидентот се случил на 16 септември 2023 година во болницата Тејмсајд. Додека пациентот бил под општа анестезија, д-р Анџум отишол во соседната операциона сала каде што имал сексуален однос со медицинската сестра , пишува Гардијан .

Пациентот бил под грижа на друга медицинска сестра и не претрпел никаква штета за време на осумминутното отсуство на докторот.

Трибуналот истакна дека докторот ги ставил своите интереси пред пациентот и неговите колеги, што претставува сериозно кршење на професионалниот кодекс. Сепак, д-р Анџум на сослушувањето изјави дека инцидентот бил „еднократна грешка во проценката“ и вети дека никогаш повеќе нема да се случи.

По внатрешна истрага, д-р Анџум беше отпуштен од болницата во февруари 2024 година. Сега, трибуналот одлучи да не воведува санкции, оценувајќи дека ризикот од повторување на неговото однесување е многу низок. Сослушувањето ќе продолжи во Манчестер со цел евентуално издавање предупредување за регистрација на лекар.

Овој случај привлече внимание од јавноста поради сериозноста на однесувањето на докторот, но и поради одлуката на трибунот.
The post Секс во болница за време на операција: Доктор ја напуштил пациентката за привлечна медицинска сестра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: