Еден знак влегува во најкритичниот период од годината: Од утре, ништо нема да биде исто за него

За Раковите, моментот што го избегнувале долго време наскоро ќе дојде – но токму овие тешки моменти ќе им донесат сила.

Понекогаш животот намерно ни го става пред нас она од што најмногу се плашиме, не за да нè скрши, туку за да нè натера да растеме.

Ракот е емотивен, сè доживува длабоко и често бега од конфронтација затоа што се грижи дека вистината ќе го повреди. Сепак, во наредниот период, тој ќе биде принуден конечно да се соочи со својот најголем страв – без разлика дали станува збор за разговор што го одложувал, промена што воопшто не ја сакал или крај на долга исцрпувачка ситуација.

Иако Ракот мисли дека оваа конфронтација ќе го потресе, таа всушност ќе донесе олеснување. Тоа ќе биде момент на јасност – можеби непријатен, но ослободувачки. Само кога ќе се ослободи од товарот, ќе сфати дека неговата замислена слика за проблемот го исплашила повеќе од самиот проблем.

Затоа, драги Ракови, време е да престанете да бегате. Погледнете ги вашите стравови директно. Можеби станува збор за работа, љубов, врска или промена што ви тропа на врата. Што и да е, прифатете ја.

Помогнете си себеси така што ќе запишете сè што ве плаши, а покрај секој страв ставете барем едно можно решение. Кога стравовите се ставаат на хартија, тие изгледаат многу помали и поедноставни.

И запомнете, ништо не се случува без причина. Понекогаш мора да поминете низ бурата за да го пронајдете мирот. Она што ве очекува не е казна, туку почеток на слобода и ново поглавје.

Судбината точно знае кога е време за промена, дури и кога се сомневаме во тоа.
The post Еден знак влегува во најкритичниот период од годината: Од утре, ништо нема да биде исто за него appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: