Дизелот поевтинува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27.11.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,220%, кај дизелот за 3,302%, кај екстра лесното масло за 2,323%  и кај мазутот намалувањето за 4,403%.

урсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096%

Од2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95                  75,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                             77,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            69,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                  33,963 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се  намалуваат за 1,00 ден/лит.

Mалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи: