Првата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека не сака да биде уште еден Лионел Меси, додавајќи дека е малку уморен од постојаните споредби со фудбалскиот GOAT.
Ве потсетуваме дека овие споредби беа на некој начин неизбежни, со оглед на тоа што двајцата започнаа од познатата Ла Масија, а воедно играат на истата позиција.
Јамал рече дека е решен да го следи својот пат и да создаде ново наследство.
„Мислам дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, но тој знае и дека и јас сум добар играч. Ќе има меѓусебно почитување ако играме еден против друг. Тој знае дека не се обидувам да бидам тој, да играм како него или да го носам дресот со број 10 како него. Сакам да го следам својот пат“, изјави тој за CBS.
За потсетување, Јамал неодамна заврши втор во изборот за „Златната топка“, зад Усман Дембеле.
The post Јамал: Не сакам да бидам новиот Меси, тој го знае тоа appeared first on Во Центар.



