Белата куќа со најнови информации за здравствената состојба на Доналд Трамп, претседателот е подложен на магнетна резонанца

Белата куќа откри детали од најновата медицинска евалуација на Доналд Трамп, која вклучува скенирање на неговиот кардиоваскуларен систем и абдомен.

Американскиот претседател, 79, беше подложен на магнетна резонанца (МРИ) во октомври, што беше потврдено во меморандум од неговиот лекар, Шон П. Барбабела.

И лекарот од Белата куќа напишал дека кардиоваскуларните и абдоминалните снимки се „сосема нормални“, пишуваат странските медиуми, според Телеграф.

„Целта на ова снимање е превентивна: рано да се идентификуваат проблемите, да се потврди целокупното здравје и да се обезбеди долгорочна виталност и функција“, рече д-р Барбабела.

Тој додаде дека „нема докази за стеснување на артериите што го нарушува протокот на крв или абнормалности во срцето или главните крвни садови“.

„Срцевите комори се со нормална големина, ѕидовите на крвните садови изгледаат мазни и здрави и нема знаци на воспаление или згрутчување.“

Во врска со абдоминалните снимки, тој напиша дека „сите главни органи изгледаат многу здрави и добро перфузирани“.

„Сè што е оценето функционира во нормални граници без акутни или хронични проблеми.“

Тој рече дека снимањето е извршено „затоа што мажите во неговата возрасна група имаат корист од темелна проценка на кардиоваскуларното и абдоминалното здравје“.

Додека разговараше со новинарите во неделата, американскиот претседател рече дека не знае кој дел од неговото тело е прегледан, но додаде: „Не беше мозокот бидејќи полагав когнитивен тест и го поминав успешно“.

Тој дури и ги опиша резултатите од магнетната резонанца како „совршени“.

Во 2022 година, Доналд Трамп се опиша себеси како „најздравиот претседател што некогаш живеел“, но во јули му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција (CVI) откако забележал „благ оток“ во долниот дел од нозете.

Д-р Барбабела рече дека CVI, која предизвикува згрутчување на крвта во вените, е „бенигна и честа состојба, особено кај лица над 70 години“.

Загриженост беше изразена и во јули поради фотографиите на кои се гледаат модринки на задниот дел од раката на г-дин Трамп кои беа покриени со шминка.

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, објасни дека станува збор за „мала иритација на меките ткива од чести ракувања и употреба на аспирин“ за намалување на ризикот од срцев удар и мозочен удар.
The post Белата куќа со најнови информации за здравствената состојба на Доналд Трамп, претседателот е подложен на магнетна резонанца appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: